Бившиот сопруг на Бритни Спирс тврди: „Стоеше со нож пред нашите деца“
Бившиот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, ја обвини пејачката дека со нож ги набљудувала нивните деца. Неговите тврдења отворија ново поглавје во драмата околу менталното здравје на поп-ѕвездата.
Кевин Федерлајн, поранешниот сопруг на поп-ѕвездата Бритни Спирс, повторно ја вознемири јавноста со шокантни изјави за нејзиното ментално здравје. Во најавата за својата нова автобиографија со наслов „Мислевте дека знаете“ (You Thought You Knew), тој откри детали кои, како што вели, го прогонуваат и денес — посебно кога станува збор за безбедноста на нивните деца.
Федерлајн и Спирс беа во брак од 2004 до 2007 година и имаат два сина — Шон Престон (20) и Џејден Џејмс (19).
Во статијата објавена од The New York Times, Кевин тврди дека Бритни во повеќе наврати стоела на вратата од собата на нивните деца додека спиеле, држејќи нож во рацете.
„Децата ќе се разбудеа среде ноќ и ќе ја видат како стои на вратата. ‘О, будни сте?’ — би рекла, па тивко ќе излезеше, без објаснување,“ пишува тој.
Федерлајн признава дека овие сцени му се врежале во сеќавањето и дека стравува дека менталната состојба на Бритни станала уште понестабилна откако ѝ беше укинато старателството.
„Имам чувство дека Бритни оди кон нешто што повеќе нема да може да се поправи. Не можеме да се преправаме дека е сè во ред. Времето истекува — нешто лошо ќе се случи ако не се промени ситуацијата,“ наведува тој.
Загрижувачки објави и нарушени односи
Во последните неколку години, објавите на Бритни Спирс на социјалните мрежи често предизвикуваат загриженост кај фановите. Досега, повеќето реакции се однесуваа на нејзиното лично здравје, но овојпат прашањата се насочени и кон безбедноста на нејзината околина.
Федерлајн и нивните синови во 2023 година се преселија на Хаваи, во обид да живеат подалеку од медиумскиот притисок. Во тој период, контактот меѓу Бритни и нејзините деца бил сведен на минимум. Денес, наводно, односите се подобрени, но тензиите меѓу неа и Кевин остануваат силни.
Можно е правна реакција од тимот на Бритни
Иако книгата сè уште не е официјално објавена, медиумите шпекулираат дека правниот тим на Бритни Спирс би можел наскоро да реагира поради овие изјави.
Фановите се поделени — дел веруваат дека Кевин само се обидува повторно да добие внимание преку контроверзии, додека други сметаат дека неговите зборови треба сериозно да се сфатат.
Како и да е, приказната очигледно дури сега почнува да се развива, а јавноста со нетрпение го очекува одговорот на Бритни Спирс, кој би можел повторно да ја отвори една од најболното поглавја од нејзиниот живот.