Ана Николиќ го откажа настапот во Посушје, организаторите бесни

Селебрити

Ана Николиќ го откажа настапот во Посушје, организаторите бесни: „Сите договорни одредби се прекршени“!

Српската пејачка Ана Николиќ требаше да настапи во клубот „Гаудеамус“ во Посушје на 27 септември, но го откажа концертот во последен момент. Организаторите се огласија, тврдејќи дека таа го прекршила договорот.

„Концертот на Ана Николиќ за вечерва е откажан! Откажувањето се должи исклучиво на едностраната одлука на Ана Николиќ да не се појави на закажаниот настап, со што грубо се прекршени сите одредби од професионалниот договор. Клубот ќе работи без настапот на Ана, ве очекуваме во голем број“, се вели во соопштението.

Настапот беше распродаден, а нејзините обожаватели со право беа разочарани. Таа вечер, Ана беше снимена како го слави својот 47-ми роденден со Бобан Рајовиќ во еден белградски бар.

Роденден ана и бобан

Таа не коментираше за откажаниот настап. За потсетување, неодамна објави видео од себе како е претепана.

„Јавете се на брат ми, на мајка ми. Викнете полиција, повикајте брза помош. Еден човек ме претепа, крварам од сите страни. Не можам повеќе да зборувам, целата сум измодрена и претепана“, рече таа, меѓу другото.

Таа го пријави својот поранешен партнер Горан Ратковиќ Рале за злоупотреба. Тој ги негираше обвинувањата. Меѓу нив има несогласувања долго време. Тие раскинаа и се помирија во неколку наврати.