Хејли Бибер во долна облека ги запали фановите

СелебритиФото

Хејли Бибер ги запали фановите на интернет со фотографии во долна облека и откри детали за мајчинството и својот бренд Rhode.

Хејли Бибер, сопругата на Џастин Бибер, повторно ги „запали“ социјалните мрежи откако објави фотографии на кои позира во долна облека, освојувајќи бројни комплименти од своите обожаватели.

Таа позираше во градник и гаќички за потребите на новата кампања на нејзиниот бренд за козметика Rhode, со што уште еднаш потврди дека умее да ја комбинира естетиката и самодовербата.

Хејли Бибер во долна облека 1

Брендот Rhode го основа во 2022 година, а тој опфаќа производи за нега на кожата – средства за чистење лице, лосиони, балсами за усни и руменила. Во мај годинава, компанијата e.l.f. Beauty го купи нејзиниот бренд за импресивна сума од една милијарда долари.

Хејли и Џастин Бибер во август минатата година го добија својот син, Џек Блус. Таа првично ја криеше бременоста од јавноста, објаснувајќи дека сакала да го зачува својот личен мир.

„Можев да ја чувам тајната бидејќи долго време немав видлив труднички стомак. Всушност, немав стомак сè додека не навршив шест месеци бременост, кога решив да го објавам тоа. До тогаш носев пошироки јакни и облека што не го откриваше телото,“ изјави таа за списанието W.

Хејли додаде дека можела да ја крие бременоста и подолго, но не сакала да живее под стрес и да се чувствува ограничено.

„Се чувствував како да кријам голема тајна, и тоа не беше добро. Сакав да имам слобода, да уживам во бременоста и да го живеам својот живот,“ рече таа.