Судија убиен во Апелациониот суд во Албанија
Судија убиен во Апелациониот суд по донесувањето на пресудата: Шок во Албанија, реагира Еди Рама!
Албанската јавност е во шок по бруталното убиство на судијата Астрит Калаџа во судницата на Апелациониот суд во Тирана.
Сторителот е Елвис Скаби (30), кој го застрела судијата откако тој објави пресуда против неговото семејство.
Инцидентот се случил во понеделник околу 15:40 часот, кога Калаџа ја објавувал пресудата во случај за сопственост на земјиште во Скадар.
Скаби извадил пиштол и го застрелал судијата, погодувајќи го во градите од три метри. Уште две лица, татко и син, биле повредени за време на инцидентот и однесени во болница. Сторителот бил уапсен на лице место, додека полицијата го конфискувала оружјето.
Според локалниот печат, сторителот, кој бил на суд поради спор за земјиште, наводно рекол дека „изгубил“ и затоа го застрелал судијата.
Убиството го шокирало албанското општество и правниот свет. Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, го осудил чинот, нарекувајќи го „грозоморен удар врз самиот правосуден систем“.
Премиерот Еди Рама изрази сочувство до семејството на жртвата и рече дека трагедијата бара преиспитување на безбедносниот систем во судовите и заострување на Кривичниот законик за поседување оружје без дозвола.