Вирално видео од Шведска се шири: „На Балканот се срамиме, но кај нив е тренд“

Занимливости

Денес Тиктокерка од Босна, објави видео кое стана вирално кај Балканците!

Една Тиктокерка од Босна и Херцеговина, која живее во Шведска и објавува под профилот @gabbzziii, објави вирално видео од чевли што ги видела во продавница за чевли во Шведска, со што предизвика бројни реакции од следбениците од Балканот.


„Опанци за 150 евра“

Имено, таа ги снимила чевлите што ги видела на полиците, кои неодоливо личат на традиционалните опанци – и чинат 150 евра. „Опанци за 150 евра, најнова мода“, рече таа.

„Додека ние на Балканот се срамиме од нашите селски сандали, во Шведска тие се најновиот моден тренд, 150 евра, па дури и се достапни во портокалова боја“, вели таа во видеото.


За што всушност станува збор?

Иако чевлите личат на гумени сандали или галоши, тие всушност се машки гумени галоши од норвешкиот бренд Swims, кој е специјализиран за модерна и функционална обувка.

Овој вид обувки всушност служи како водоотпорна заштита што се влече преку класичните машки чевли за да ги заштити од дожд и нечистотија. Официјалната веб-страница на брендот покажува како галошите се носат преку чевлите, со што ви овозможуваат да го одржувате деловниот изглед дури и во лоши временски услови.

Галошите се достапни во портокалова, црна, темно сина и маслинесто зелена боја, а цените се движат од околу 80 евра, односно 900 норвешки круни.

галоши


„Сè направивме први“

Видеото предизвика бројни коментари. „Бевме модерни без да сфатиме“, „Сè направивме први“, „Баленсијага извади гумен опанак, а цената е 3000 евра“ и „Кој е виновен ако не го заштитивме патентот“, се некои од коментарите.