Уапсен Кумановец кој подолго време следел и вознемирувал девојка

ВестиМакедонија

Кумановец (32) е уапсен по потерница за демнење кон 28-годишна девојка од Куманово. Претходно беше изречена мерка недобижување. Сите детали тука.

На 1 октомври 2025 година, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода лице со иницијали Б.К. (32) од Куманово. Тој беше предмет на потерница по судска наредба, со сомнение за сторено кривично дело „демнење“ според член 144-а од Кривичниот законик — односно дека подолго време го следел и вознемирувал 28-годишна девојка од истиот град.

Девојката случајот го има пријавено на 09.04.2025 година, по што судот веднаш донел мерка за недоближување. Откако кај Основен суд Куманово беше поведена постапка и на осомничениот му беше изречена мерка недобижување, полицијата почна да го следи.

По преземени оперативни мерки, осомничениот беше лоциран и приведен. Во службен разговор призна дека ја сторил дејноста. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена законска пријава.