Кајли Џенер ги истакна градите во розов латекс

СексиСелебритиФото

Кајли Џенер повторно ја воодушеви јавноста со фотографии во розов латекс од Dead Lotus Couture, неколку месеци по нејзината отворена исповед за зголемувањето на градите.

Кајли Џенер ги истакна градите облечена во розов латекс сет 1

Кајли Џенер со нова провокативна фотосесија

Познатата претприемачка и реалити ѕвезда, 28-годишната Кајли Џенер, повторно го привлече вниманието на јавноста откако на својот Инстаграм профил објави серија фотографии во розов латекс. Снимките доаѓаат неколку месеци по тоа што таа отворено проговори за козметичката операција за зголемување на градите, потврдувајќи дека е транспарентна со своите следбеници.

Кајли Џенер ги истакна градите облечена во розов латекс сет 2

Розова од глава до пети

Кајли позираше пред минималистичка бела позадина, носејќи дводелен латекс сет во светло розова боја од Dead Lotus Couture. Комбинацијата вклучуваше бикини топ со врзување на грбот и здолниште со низок струк кое го нагласуваше нејзиниот затегнат стомак. Деколтето дојде до израз токму благодарение на горниот дел, додека целиот изглед беше внимателно усогласен со розови нокти и кармин во нијанса посветла од костимот. На очните капаци се одлучи за дискретна светло-кафеава сенка. Во описот на фотографиите таа напиша едноставно: „Принцеза“.

Кајли Џенер ги истакна градите облечена во розов латекс сет 3

Отвореност за козметичката процедура

Новата фотосесија дојде по период кога Џенер реши транспарентно да зборува за зголемувањето на градите. Во јуни таа одговори на видео на TikTok од инфлуенсерката Рејчел Лири, која нејзиниот изглед го нарече „најсовршената природна операција досега“. Кајли не само што го потврди тоа, туку и ги сподели конкретните податоци: „445 cc, умерен профил, половина под мускул, силикон“.

Кајли Џенер ги истакна градите на 8 август 2025 во иснтаграм пост
Кајли Џенер – 8-ми Август 2025 / Instagram

Името на својот хирург исто така не го сокри – тоа е д-р Гарт Фишер, пластичен хирург од Беверли Хилс. Со тоа Џенер уште еднаш ја потврди својата подготвеност да биде отворена со милионите следбеници, додавајќи на крајот: „Се надевам дека ова помага lol“.