Нови детали од Велешката полиција и последниот исказ на Росица

ВестиМакедонија

Ви ги откриваме последните детали од Велешката полиција и зборовите на Росица во последниот исказ пред Суд.

Целодневно го пратиме овој крвав настан, последните информации кои ги добивме од СВР Велес се од од сегашниот партнер на убиената Р.К.

На местото, како што соопшти СВР Велес, бил затекнат Ф.Т. од Велес, сегашен партнер на Р.К., кој изјавил дека заедно отишле во домот на нејзиниот татко затоа што не се јавувал, а откако Р.К. ја отворила вратата со остар предмет ја нападнал нејзиниот поранешен партнер И.С.(39) од Скопје, по што ја заклучил вратата.

Тој ја зел Росица, ја донел до улицата со надеж дека ќе и помогне, во меѓувреме додека тој се обидувал да ја врати во живот, убиецот Илија се заклучил во една во собите во куќата и сам си нанел неколку убоди во вратот со остар предмет.

Од СВР Велес информираат дека потоа полициски службеници влегле во домот и го пронашле починат нејзиниот татко К.К.(74) , кој исто така, имал повреди од остар предмет.

Сите тројца биле однесени во болницата во Велес, но без успешно само лекарите  констатирале смрт.

Неколку дена пред да биде убиена, Росица дала исказ во  јавно обвинителство во Велес, таму ја опишала и последната средба со пораншниот партнер Илија.  Таа изјавила дека кога сакала да излезе од неговото возило тој и се заканил со зборовите: „Или ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва“. Кога пристигнале во Скопје тој продолжил да ја малтретира Коцева, ја удирал по телото, па и се заканувал.