The Pitt, медицинската драма што ја освои публиката
The Pitt, медицинската драма што ја освои публиката, критичарите и доби Еми награди!
На почетокот на годината на HBO Max се појави медицинската драма The Pitt, кај нас преведена како „Питсбуршка болница“, и за кратко време стана вистински хит. Создадена од Р. Скот Гемил, авторот познат по Итна служба и NCIS: Los Angeles, серијата брзо го освои светот и со месеци беше најгледана на платформата.
Голем триумф на Еми
На овогодинешните Emmy Awards, „Питсбуршка болница“ ја освои наградата за најдобра драмска серија.
Ноа Вајли ја доби статуетката за најдобар главен актер,
Кетрин ЛаНаса за најдобра споредна улога,
Шон Хатоси за најдобар гостински актер.
Во емотивниот говор, Вајли им се заблагодари на вработените во итната медицинска помош, нарекувајќи ја наградата „подарок за хероите од секојдневието“.
За што станува збор во серијата?
Првата сезона брои 15 епизоди, секоја посветена на еден час од петнаесетчасовна смена во ургентниот центар на Трауматолошката болница во Питсбург. Реалистично се прикажуваат предизвиците на лекарите и медицинските сестри, борбата со недостаток на ресурси и траумите што останаа по пандемијата на КОВИД-19.
Главната улога ја толкува Ноа Вајли како д-р Мајкл Робинсон Рабинович, човек кој се обидува да ги надмине сопствените демони. Покрај него настапуваат Трејси Ифичор, Патрик Бол, Фиона Дориф, Тејлор Дирден, Иса Брионес и други.
Реакции на критичари и гледачи
Серијата има извонредни резултати:
IMDb: оценка над 8/10 за сите епизоди, со врвни 9.7/10 за дванаесеттата,
Rotten Tomatoes: 95% од критичарите и 86% од публиката ја оценуваат позитивно.
Многумина ја споредуваат со серијата „The Bear“, бидејќи со иста сурова реалност ја доловува професионалната средина – таму гастрономија, тука медицина. Рецензентите од Rolling Stone ја нарекоа „серија на годината“, опишувајќи ја како „емоционално силна, интелигентно напишана и маестрално монтирана“.
Што следува?
Веќе е објавен тизер за втората сезона, која ќе се емитува во јануари. Акцијата започнува на 4 јули – Денот на независноста во САД. Новиот циклус ќе се занимава со системските проблеми во американското здравство, додека ликовите продолжуваат да се соочуваат со лични и професионални кризи.