Ова е девојката која вчера беше убиена во Велес Фото
Вчера, Македонија беше згрозена од двојното убиство и самоубиство што се случи во Велес.
Вчера Велешани беа сведоци на страшни убиста и самобиство, ленти со кој беше фиксиран секој траг од куќата каде беше извршен овој немил настан. Полицијата уште синоќа потврди дека дека се убиени 31-годишна жена и нејзиниот 74-годишен татко. Сторител, според МВР, е 39-годишен скопјанец — поранешен партнер на жената — кој со остар предмет ја усмртил на улица, а потоа влегол во семејниот дом на иста адреса, го убил таткото и се самоубил.
Прво била убиена девојката на самата улица ул.,,Кочо Рацин“, станува збор а 31 годишна Р.К. од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.

На 10 метри од каде што е убиена и се наоѓа семејната куќа на истата улица, во куќата е пронајден е починат и татко и К.К.(74) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт.

Пријателите на убиената велешанка раскажуваат дека таа повеќе пати пријавувала малтретирање од страна на И.С., а соседи додаваат дека пред два месеца ѝ бил украден личниот автомобил. Според досега непотврдени информации жртвата неколку пати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, јасно нагласувала дека се плаши дека поранешниот партнер ќе ја убие.
Од СВР Велес најавија информации за настанот во текот на денешниот ден.