Српскиот пејач Дарко Лазиќ, на сред настап бил насилно однесен од лихвари

Селебрити

Дарко Лазиќ исчезна од настап во Виена поради долгови: „Му го земаа микрофонот, го ставија во автомобил и си заминаа“

Еден од најпопуларните фолк пејачи, Дарко Лазиќ, доживеал непријатна ситуација на приватна забава во Виена.

Според српските медиуми, неколку лихвари упаднале во салата каде што се одржувала прослава, а потоа насилно го однеле пејачот пред шокираните гости.

„Ова беше една од поголемите влашки прослави во Виена. Пееја неколку пејачи, а главна ѕвезда беше Дарко Лазиќ. Сопственикот му плати однапред, а пејачот зеде 14.000 евра за четири часа пеење. Сè беше во ред до половина од неговиот настап, кога одеднаш во салата влегоа неколку мажи. Подоцна дознавме дека станува збор за лихвари од кои Дарко позајмил пари со камата, а не ги вратил на време. Кога ги виде, Лазиќ побледе и буквално се замрзна. Му го грабнаа микрофонот од рацете и му рекоа веднаш да дојде со нив. Пејачот ги послуша и си замина без збор, оставајќи ги сите во салата во шок“, вели изворот за Курир и продолжува:

„Го ставија Дарко во кола и го однесоа некаде. Подоцна дознавме дека го однеле во клуб во Виена да пее и дека веднаш му ги зедоа парите од оваа прослава, што тој не сакаше да им го пријави. Ова не беше единствената мака за Лазиќ, бидејќи проблемот се појави кога неколку дена подоцна овие сопственици итно го замолија Дарко да ги врати парите што ги зел однапред. Подоцна им се јави да им се извини и им ветил дека ќе пее бесплатно за нив на следната прослава што ќе ја имаат, но дека не може да ги врати парите бидејќи морал да даде сè за да ги врати долговите. Така некако го решија проблемот“, заклучува изворот.

Дарко Лазиќ
 

Се чини дека Дарко сè уште поминува низ тешка финансиска криза во која западна по сообраќајната несреќа во 2018 година, кога должеше повеќе од 400.000 евра. Во тоа време, тој позајми голема сума пари од својот менаџер, со кого имаше блиска врска, и го отплати долгот на рати.