„Ќерка ми не ја уби ракот, туку погрешната терапија” сведочеше Јулија Мациевска.

ВестиМакедонија

Денес продолжи судењето за онкологија, а потресно сведоштво имаше Јулија Мациевска, мајка на Адријана.

Денес имаше ново судско рочиште, за скандалот на Онкологија, сведок денес беше нашата позната водителка Јулија Мациевска, мајка на младата Адријана која почина од рак.

Сведочењето беше многу потресно, со солзи во очите раскажа каква тешка судбина имала нејзината ќерка која била пациентка на првоосмничениот докторот Нино Васев.

Таа кажа дека ќерка и во докторот гледала спас, го гледала како Господ, неколку пати она како мајка била скептична за неговот лечење, но кажуваше дека ќерка и рекла да му веруваат, дека ако кажат нешто дека не му веруваат дали ќе сака да им помогне.

Ќерка и имала рак на градите, започнала со хемотерапија, но по првите неколку дози нејзината состојба била влошена, докторот ги убедувал дека тоа е нормално. Потоа докторот Нино Васев и препишал имуно терапии, иако она го молела да не и дава. Од ова несоодветно лечење, таа добила вештачки метастази на црниот дроб. Почнала да повраќа, да и отекуваат раце, нозе и стомакот.

„Кога првпат отидовме на Гастро, докторот таму ми вика дали вие знаете каква е состојбата на вашето дете. Таа не е добро. Црниот дроб е оштетен. Има вештачки метастази од неадекватна терапија. Ќе си го прашате вашиот онколог. Тие се добиваат од несоодветна терапија,“ изјави мајката, истакнувајќи дека по ова упатување повторно биле вратени кај докторот Васев.

Јулија кажуваше дека последните денови на ќерка и биле вистинско мачење, литри вода и биле вадени од стомакот, имала тешки болки во стомакот иако се лечела за рак на градите. Докторот само на крај ми соопшто дека моето дека има само неколку дена, многу ладнокрвно.

Мајката кажува дека не бара материјална корист, туку правда за детето, пари ако добие ќе ги донира во хуманитарни акции.