Продаде винтиџ фустан за 135 долари, па дозна колку навистина вреди!
Продаде винтиџ фустан за 135 долари, па дозна колку навистина вреди: „Најголемата грешка во животот“!
Дваесет и двегодишната Хана од Висконсин, која со препродажба на винтиџ мода се занимава уште од својата 17. година, го сподели најгорчливото искуство во својата кариера: случајно продала редок дизајнерски фустан вреден околу 3000 долари за само 135 долари. Настанот го опиша како „најлошата грешка во животот“.
Сè започнало на една онлајн аукција во живо. „Почнав со почетна цена од 30 долари, а шеесетина гледачи ја кренаа сумата на околу 135“, раскажува таа. Веќе тогаш сфатила дека фустанот можеби вреди повеќе, бидејќи луѓето во преносот се возбудиле и ја информирале за брендот. Наскоро се покажало дека станува збор за редок дизајнерски модел, чиишто примероци достигнуваат илјадници долари.

Одлука да ја испочитува продажбата
Иако многумина ѝ советувале да ја откаже трансакцијата и да го врати фустанот на продажба, Хана реши да ја испочитува зделката. „По неколку часа бев дури и возбудена што споделив толку иконичен винтиџ фустан со некој што инаку не би можел да си го дозволи – а сепак остварив добивка“, вели таа. Според неа, вакви грешки се неизбежни: „Секој препродавач има своја ‘упс!’ приказна.“
Поделени реакции на интернет
Кога ја сподели својата приказна на Instagram и TikTok, реакциите беа поделени. Некои ѝ сочувствуваа, додека други жестоко ја критикуваа професијата, обвинувајќи ја дека препродавачите „крадат од сиромашните“.
Хана возврати со став дека во САД продавниците за користена облека и донаторските центри се преполни. „Постои доволно облека за да се облечат следните седум генерации без да се произведе ниту едно ново парче“, нагласува таа. Според неа, препродавачите придонесуваат за одржливост и поттикнуваат луѓето да избираат половна облека наместо брза потрошувачка.
„Втората рака мода ѝ дава нов живот на старата облека,“ заклучува Хана. „Не само што добивате уникатно парче, туку и помагате во намалување на отпадот. Зошто би сакале маица што ја имаат милион други луѓе?“