Од вчера поскапени се цигарите за 10 денари
Нови цени на цигарите, од вчера поскапени се за 10 денари!
Поскапеа дел од цигарите како Родео, Бос, Давидов и Вест, но се очекува до крајот на месецот сите цигари да поскапат за 10 денари. Од почетокот на 2024 година, стапија на сила измените на Законот за акцизите, со кои цигарите постепено ќе се усогласуваат со минималната акцизна стапка на Европската Унија. Ова зголемување ги опфаќа цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари, а се предвидува и изедначување на вкупната акциза со пондерираната просечна малопродажна цена во ЕУ.
Новите цени на цигарите се утврдуваат според според Законот за акцизи кој предвидува усогласување на македонската стапка на акцизи да се усогласи со европската минимална стапка на акциза. Така до 1 јули 2023 година, стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите годишно се зголемуваше за 0,20 денари по парче на 1 јули во секоја година, но почнувајќи од јануари 2024 година од кога стапија на сила измените на законот за акциза, стапката на минималната и специфичната акциза се зголемува за 0,23 денари по парче секој јануари.
Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,23 денари по парче на 1 јануари, секоја година.
Акцизата за пурите на 1 јануари 2024 година е зголемена за 4,00 денари, но од јануари 2025 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната акциза за пури се зголемува.