Кафе 3 во 1: Практично решение или скриен ризик?
Практичните „3 во 1“ кафени кесички изгледаат како брзо и лесно решение, но дали знаете што навистина содржат и колку се здрави за секојдневна консумација?
Зошто се популарни „3 во 1“ кафените кесички?
Во забрзаниот ритам на секојдневието, многумина се свртуваат кон практични решенија – особено кога станува збор за кафе. Кесичките „2 во 1“, „3 во 1“ или инстант капучино изгледаат како идеален избор за пат кон работа, брза пауза или момент кога ќе снема млеко и шеќер дома. Сè што ви треба е топла вода, и пијалокот е готов. Но, прашањето е – што всушност содржат овие производи?
Што навистина пиеме?
Иако пакувањето често ветува комбинација од кафе, шеќер и млеко, реалноста е поинаква. Повеќето вакви пијалоци содржат минимално количество вистинско кафе, најчесто во форма на индустриски обработено инстант кафе. Остатокот е мешавина од: голема количина шеќер (понекогаш и до 10 грама во една кесичка), растителни масти од палмино масло или други евтини извори, адитиви, стабилизатори и вештачки ароми кои ја подобруваат текстурата и вкусот замена за млеко во форма на растителен крем со мала хранлива вредност.

Особено кај инстант капучиното, составот е дополнително „збогатен“ со ароми од ванила, чоколадо или карамела, што уште повеќе го зголемува внесот на шеќер и вештачки состојки.
Потенцијални ризици од редовна консумација
Иако овие пијалоци не се токсични сами по себе, редовната консумација може да предизвика сериозни здравствени последици: зголемен ризик од дебелина и дијабетес тип 2, појава на срцеви заболувања и метаболички нарушувања, дигестивни тегоби или алергиски реакции кај чувствителни лица, создавање навика за претерано слатки пијалоци.

Многу луѓе не се свесни дека една шолја „3 во 1“ кафе содржи речиси половина од препорачаната дневна количина шеќер.
Подобри алтернативи
Иако практичните кесички можат повремено да бидат брзо решение, тие не се препорачуваат за секојдневна употреба. Доколку сте љубител на кафе, многу поздрава опција е да подготвите вистинско кафе – турско, еспресо или филтер – и самите да ја контролирате количината на шеќер и млеко. На тој начин точно знаете што пиете и колку.