Ливерпул ги претстави новите ѕвезди

Спорт

Ливерпул ги претстави новите ѕвезди: Пет спектакуларни засилувања вредни 308 милиони евра.

Англискиот шампион не запира – „Црвените“ ја засилија екипата со пет нови имиња, а веќе се шпекулира и за следниот голем трансфер.

Ливерпул соопшти сериозни амбиции за одбрана на титулата во Премиер лигата, откако денеска ги претстави петте нови фудбалери кои ќе го засилат тимот во сезоната 2025/26. Вкупната вредност на засилувањата достигна неверојатни 308 милиони евра, а „Редсите“ не ја исклучуваат можноста за уште едно големо име – Александер Исак од Њукасл.

Клубот успеа да го задржи костурот на шампионската екипа, а новите засилувања се стратегиски избрани да донесат свежина, длабочина и квалитет во сите линии на теренот.

Пет нови имиња, пет нови дреса:

  •    Флориан Вирц – најскапото засилување ова лето. Германскиот плејмејкер пристигна од Баер Леверкузен за 125 милиони евра и ќе го носи легендарниот дрес со број 7, симбол на креативност и лидерство.

ливерпул

  • Уго Екитике – талентираниот напаѓач доби доверба со бројот 22 и ќе конкурира за место во офанзивниот ред.

  • Милош Керкез – младиот лев бек, кој веќе се докажа во европските натпревари, ќе го носи бројот 6, што укажува на улога со висока одговорност во дефанзивата.

  • Џереми Фримпонг – брзиот десен бек, кој пристигна по фантастичната сезона во Бундеслигата, ќе настапува со број 30.

  • Ѓорѓи Мамардашвили – грузискиот голман се приклучи на екипата по позајмицата во Валенсија и ќе го носи дресот со број 25.

Според англиските медиуми, Ливерпул не застанува тука. Следниот на радарот е напаѓачот на Њукасл – Александер Исак, што би бил уште еден „бомастичен“ потег во овој преоден рок.

Прочитај ме:  Лука Модриќ потпиша едногодишен договор со Милан