Брутална UFC борба го шокираше светот

Спорт

Брутална UFC борба го шокираше светот: Стивен Њуген постави нов рекорд со шест нокдауни, а противникот Јахја преживеа шокантни повреди.

Во викендот зад нас, уште едно издание на UFC Fight Night ја раздрма ММА заедницата – не само поради спектакуларните пресврти, туку и поради една борба која ги остави и најискусните фанови со подзината уста.

Во главната борба на вечерта, поранешниот шампион во средна категорија Роберт Витакер беше шокантно поразен од технички супериорниот Реиниер де Ридер, што веќе се смета за еден од најголемите апсети во последните неколку години. Покрај тоа, Петр Јан безмилосно го совлада Маркус МекГи, а Шара Магомедов буквално го „исчекори“ Марк-Андре Барјо во еден од најжестоките дуели на вечерта.

Но сето тоа избледе пред она што се случи во прелиминарниот дел на програмата, каде што борбата помеѓу Американецот Стивен Њуген и борецот од ОАЕ Мохамад Јахја ја украде целата вечер – и не поради убавината на спортот, туку поради неговата бруталност.

Стивен Њуген, борец со виетнамско потекло, направи нешто што досега никој во историјата на UFC не го сторил – обори противник шест пати на под во една единствена борба. Со тоа го сруши досегашниот рекорд од пет нокдауни, кој го делеа Џереми Стивенс и Форест Пец.

Она што следеше беше сценарио кое повеќе наликуваше на борба за преживување отколку на натпревар. Јахја, и покрај тоа што доби страшни удари и беше речиси деформисан од повреди, секогаш повторно стануваше. Секоја рунда, секој пад – тој се исправуваше и сигнализираше дека нема намера да се откаже. Таа нечовечка издржливост му донесе огромен респект во боречката заедница, но и искрена загриженост од гледачите ширум светот.

Прочитај ме:  Барселона сака да го доведе Рашфорд на позајмица

„Ова не е за секого“

Мохамад Јахја
Мохамад Јахја

Повредите кои ги претрпе Јахја беа толку сериозни, што дури и искусните ММА обожаватели го нарекоа мечот „вознемирувачки за гледање“. Фотографиите од неговото лице по мечот станаа вирални на социјалните мрежи, а самиот претседател на UFC, Дејна Вајт, сподели слики од состојбата на борецот со предупредување:

Ова не е за секого. Не ја гледајте борбата ако немате стомак за тоа.“

За среќа, судијата Џејсон Херцог и медицинскиот тим навреме интервенираа и ја прекинаа борбата на крајот од втората рунда – во момент кога повеќе не стануваше збор за спорт, туку за човекова безбедност.