Mercedes-AMG SL – Модел на Мерцедес кој слабо се продава
Mercedes-AMG SL е модел на Мерцедес кој слабо се продава? Имено, Mercedes-AMG SL е легендарно име меѓу автомобилите, но се чини дека малкумина го посакуваат во последната генерација. Продажбата на спортски автомобили генерално драстично паѓа и покрај најновата технологија и луксуз што тие го нудат.
Mercedes-AMG SL во својата најнова генерација 232 се продава бавно, со само 1.045 нови регистрации на овој модел забележани во Германија во 2024 година, што е пад од 61 отсто. Во САД сликата е иста со 1.608 продадени примероци, што е пад на продажбата за 56 отсто.
Главната причина за неуспехот на SL е веројатно цената. Најдобрата верзија на SL во Германија чини дури 225.624 евра, а освен тоа, теренците одамна ја презедоа продажбата во Мерцедес, поради што седаните и купеата жестоко се борат за купувачите.
Се разбира, Mercedes има и причини да биде задоволен, бидејќи продажбата на моделот AMG GT се зголеми за 77 проценти во САД, додека моделот GLE ја бранеше својата позиција како најпродаван модел во Северна Америка.
Спортскиот кабриолет долго време се сметаше за икона, симбол на елеганција и спортска слобода, но денешната статистика е неумолива и не е исклучено Mercedes да размислува за иднината на SL.
Мерцедес веќе неколку години спроведува стратегија која главно се фокусира на продажба на поскапи автомобили, додека помалите и поевтини модели го заземаат задното место во плановите. Оваа ориентација досега доведе до високи профити (профит на компанијата во 2023 година: 14,5 милијарди евра) бидејќи производителот континуирано ги зголемуваше цените. Просечната продажна цена на Мерцедес се зголеми од 51.000 евра (2019 година) на 67.100 евра (2021 година) на 74.600 евра во третиот квартал од 2023 година.
Сепак, овој курс на извршниот директор Ола Калениус се повеќе се соочува со критики. Претставниците на Мерцедес дури испратија писмо до седиштето на марката во Штутгарт, опишувајќи ја оваа луксузна стратегија како алчна, и дека многу клиенти повеќе не се подготвени да поддржат драстично зголемување на цените и се повеќе се префрлаат на конкурентски брендови како Audi и BMW.