петок, јануари 17, 2025

Џеј Ло донираше предмети од сопствениот плакар

Џеј Ло донираше предмети од сопствениот плакар и складиште, некои парчиња облека се стари и по 30 години.

Џеј Ло – Џенифер Лопез донираше голема количина облека и додатоци од сопствениот плакар за да им помогне на настраданите од пожарот во Лос Анџелес.

Како што дознава Дејли Мејл, 55-годишната пејачка извадила облека од плакарот и просторот за складирање, ги спакувала во кутии и ја испратила во Лос Анџелес.

“Тоа беше огромна количина на работи и вреди цело богатство. Има многу удобни алишта како дуксери и панталони и други работи што ќе им требаат на луѓето за да започнат. Има патики, џемпери и јакни, совршени за зимата. Џенифер собираше облека за изминатите „30 години, па имала што да донира“, рекол изворот.

Изворот додаде дека ѕвездата додала и неколку пакувања од сопствен бренд производи за убавина, кои вклучуваат производи за чистење и навлажнување на лицето. Облеката оди за учениците, наставниците и семејствата вклучени во училишниот округ во Лос Анџелес и училиштата во Пасадена.

Во меѓувреме, среде катастрофалните шумски пожари во Лос Анџелес, Лопез ги откажа настапите во медиумите, а исто така ја откажа и промоцијата и премиерата на нејзиниот нов филм „Unstoppable“, кој наскоро ќе биде достапен на платформата Amazon Prime.

За потсетување, најмалку 25 лица загинаа во пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес. Шест милиони луѓе и понатаму се изложени на ризик. Силните налети на ветерот се вратија, а насоката на ширење на пожарот не може однапред да се предвиди.

Сподели!