четврток, јануари 16, 2025

Бурек со Сирење

Бурек со Сирење е нјпопуларниот појадок на просторот на целиот Балкан.

Бурекот, тврдат нашите југословени од Босна, се прави само со месо, а се другото е само пита. Но, бурекот по потекло ни доаѓа од Турција, а таму најчесто се подготвува со сирење.

Пита или Бурек, сите можеме да се сложиме дека ова јадење е најдобро кога се консумира топло, не врело, со еден ладен јогурт, а понекогаш и два.

Бурек со Сирење
Бурек со Сирење

За овој Рецепт (за 4 лица) е потребно:

  • 650gr готови Кори за Пита
  • 500gr свежо полномасно Кравјо Сирење
  • ½ лажичка Сол
  • 100 ml Сончогледово Масло
  • 500 ml Минерална Вода

Подготовка:

Подмачкајте го листот за печење
Користете кружен калап со дијаметар од 33 см. Дното на калапот премачкајте го со 3 лажици масло, па на дното ставете две кори и лесно притиснете ги со раце.

Измешајте го
Во поголем сад истурете ја минералната вода, солта и преостанатото масло и добро измешајте ги состојките со жица за матење.

Сложете
Со подготвената течност лесно премачкајте ги корите, а на кората ставете 2 до 3 лажици сирење. Нежно распоредете го сирењето преку површината на кората (од лажицата извадете мали количини сирење и ставете го во мали купчиња).
Ставете ја празната кора и повторно лесно притиснете ја со рацете и премачкајте со четка и мешавина од масло, сол и минерална вода.

Повторно намачкајте го сирењето преку површината.
Постапката повторете ја со додавање на кората, а овој пат намачкајте го сирењето по рабовите.
Сега вишокот кора што виси нанадвор, преклопете ја навнатре и лесно премачкајте со четка. Овој пат не ставајте сирење, туку ставете празна кора.

Повторете
Повторете го целиот процес на празната кора додека не го потрошите целото сирење. Последните две кори ставете ги врз слојот од сирење, лесно притиснете со раце, премачкајте со смесата, а вишокот преклопете го навнатре. Површината премачкајте ја уште малку и нежно избоцкајте ја со чепкалка за заби.

Печете
Загрејте ја рерната на 200 степени и печете 45 минути. Извадете ги од рерната и одвојте ги рабовите со нож, внимателно истурете на даска, исечете ги на 4 парчиња и послужете.

Сподели!