Чиа Пудинг со Банана и Кокос
Можете да уживате во Чиа пудинг со Банана без грижа на совест, а можете да го консумирате за појадок или вечера.
Наместо шеќер, користете мед, јаворов сируп или стевиа, можете да додадете бобинки, путер од кикирики или крупно сечкани лешници или бадеми. Се одлучивме за верзијата со банана и кокос.
Инаку, чиа семето ја стимулира работата на цревата, па затоа овој појадок е подобра опција од мрсниот тост или јајцата.
За овој Рецепт е потребно:
- 3 лажици Чиа семе
- 3 лажици Кокос
- 300ml кокосово млеко
- 2 лажици Мед
- 1 Банана
- 1 лажица Путер од Кикирики (по избор)
Подготовка:
- Измешајте го
Во помал сад или поголема чаша измешајте го кокосовото млеко со семето од чиа, кокосот и медот. - Ставете во фрижидер
За да отече чиа семето, ставете ја смесата во фрижидер неколку часа или преку ноќ. - Изгмечете ја бананата
Изгмечете ја бананата со вилушка и додајте ја во смесата. Добро измешајте ги состојките или можете да ги блендирате во блендер за покремаста текстура - Послужете
Одозгора ставете една лажичка путер од кикирики и неколку парчиња банана и послужете.