Како да му помогнете на анксиозно дете
Како да му помогнете на анксиозно дете: Ова се зборовите што треба да ги избегнувате!
Родителството е еден од најголемите животни предизвици, а справувањето со анксиозноста на детето може да биде особено тешко. Кога детето се чувствува вознемирено, важно е родителите да знаат како да се однесуваат со него за да му помогнат да се чувствува побезбедно и помирно.
Децата кои се во вознемирена состојба не можат веднаш да ги сфатат рационалните аргументи бидејќи нивната емоционална реакција ја презема контролата. Во телото се ослободуваат хемикалии кои предизвикуваат одговор на борба или бегање, а детето се чувствува преоптоварено и неспособно за логично размислување.
Родителите често велат: „Нема од што да се плашиш“. Иако оваа изјава може да има смисла за возрасен човек, но децата кои доживуваат анксиозност не можат едноставно да ги заборават своите стравови. Стравот што го доживуваат, иако можеби не се заснова на вистинска закана, за нив е многу реален.
Друга вообичаена реакција на родителите е да се обидат да ги објаснат сите причини зошто детето не треба да се грижи. Меѓутоа, кога детето е вознемирено, малку е веројатно дека ќе може да ги обработи сите рационални аргументи. Во тој момент, мозокот на детето е под стрес и логичкиот дел од мозокот е „исклучен“, додека емотивниот дел ја презема контролата.
Понекогаш родителите велат: „Престани да се грижиш толку многу“. Иако децата обично сакаат да престанат да се грижат, тие не можат да го сторат тоа без помош. Анксиозноста не е нешто што едноставно може да се исклучи, а децата често не знаат како да се смират во такви моменти.
Кога детето е вознемирено, се чувствува беспомошно. Разбирањето на чувствата на нивното дете и гледање на работите од перспектива на нивното дете ќе им помогне на родителите соодветно да одговорат на потребите на детето. Емпатијата му создава простор на детето да се смири, бидејќи ќе се чувствува разбрано и поддржано.