Роналдо купил приватен авион од 40 милиони евра
Кристиано Роналдо купил приватен авион од 40 милиони евра, со кој заминал на семеен одмор во Лапонија – Финска.
Пред неколку месеци мгеа ѕвездата Кристиано Роналдо го продал својот Gulfstream G200 што го купил за 20 милиони евра во 2015 година, а неодамна купил и нов модел на Bombardier Global Express 6500 во вредност од 40 милиони евра, со кој, заедно со семејството отпатувал во Лапонија, односно, земјата на Дедо Мраз која се наоѓа на територија на Финска.
По одморот во Финска, со овој приватен авион се вратил во Саудиска Арабија, каде во неговиот Ал-Наср го чекаат нови предизвици.
Неговиот нов авион има капацитет од 17 патници и многу удобни седишта. Има и мал приватен апартман со туш кабина, а однадвор, поточно на влезната врата, има фигура на Португалецот кој прославува гол во својата карактеристична поза.
Овој авион чини околу 40 милиони евра, што е невозможно да си го дозволат повеќето луѓе, но за Кристијано Роналдо, кој заработува околу 200 милиони евра годишно во тимот на Саудиска Арабија, тоа е уште една ставка во низата инвестиции.