недела, јануари 12, 2025
Селебрити

Анџелина Џоли ги здружува силите со синот Нокс за да им помогне на жртвите од пожарите во Лос Анџелес

Анџелина Џоли се приклучи во хуманитарните организации за да им помогне на најпогодените од пожарите во Лос Анџелес.


Имено, таа е снимена со синот Нокс како купува храна и вода за оние на кои им е најпотребна.

„Во моментов се грижам за оние кои ми се блиски и кои престојуваат во мојата куќа“, изјави таа за Daily Mail.

Анџелина истакна дека во наредните недели ќе донира пари и за пожарникарите кои работат на гаснење на пожарот.

Таа е уште една во низата познати личности кои одлучија да им помогнат на погодените од пожарите во Лос Анџелес. Актерката Џејми Ли Кертис претходно изјави дека ќе донира милион долари, додека помош за пожарникарите испратија и сестрите Кардашијан.

Актерката Џенифер Гарнер, исто така, се приклучи на волонтерските напори да помогне во обезбедувањето храна за пожарникарите кои се борат со пожарите. Гарнер е амбасадор на Save the Children веќе 15 години и често е вклучена во неколку непрофитни организации во оваа област.

Повеќе од 100.000 луѓе досега се евакуирани од погодените области бидејќи шумските пожари продолжуваат да се зголемуваат поради силните ветрови. Пожарите уништија речиси 30.000 хектари земја, оставајќи илјадници објекти во урнатини.

Сподели!