Моди го шокира Путин: Индискиот премиер го прекрши протоколот!

ВестиСвет

Моди неочекувано го дочека Путин на пистата и го прекрши протоколот. Кремљ веднаш реагираше со вонредно соопштение.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди, ја изненади руската делегација откако го прекрши протоколот при официјалниот пречек на претседателот на Русија, Владимир Путин. Инцидентот се случи на аеродромот во Њу Делхи, по што Кремљ веднаш се огласи.

Путин пристигна во Индија на дводневна официјална посета, заедно со руската делегација и учество на руско-индискиот бизнис форум. По слетувањето, Моди лично му пријде на Путин веднаш штом рускиот претседател се симна по скалите од авионот и зачекори на црвениот тепих – гест што не бил предвиден во договорениот протокол.

Обезбедувањето на рускиот претседател било изненадено од моментот, бидејќи не биле информирани за каква било промена во протоколната постапка, што Кремљ официјално го потврди.

„Модиевата изненадувачка одлука да го пречека Путин на скалите од авионот беше донесена без знаење на руската страна“, наведоа од Кремљ.

путин моди

Реакција од Кремљ

Кремљ соопшти дека одлуката на Моди да го пречека Путин на самото скалило од авионот била целосно неочекувана за руската страна. Постапката ја опишаа како ненадејна и нетипична за однапред утврдениот протокол.

Спонтанoто гушкање и топлото добредојде од страна на Моди се толкуваат како силна порака за личната блискост и за „посебното и привилегирано стратешко партнерство“ меѓу Индија и Русија.