28-годишниот Миле Тодоров од Неготино е пронајден мртов уште од 17 ноември

ВестиМакедонија

Безживотното тело на 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино е пронајдено во неготинско уште од 17 ноември.

Телото на младиот Миле Тодоров (28) од Неготино, пријавен за исчезнат уште во јануари годинава, било пронајдено на 17-ти минатиот месец во неготинско. Поради непрепознатливост, се извршила идентификација и обдукција.

Како што неофицијално дознава „Фокус“, местото каде било пронајдено телото е ретко посетувано, а првичните информации не укажуваат на кривично дело. Сепак, проверките продолжуваат. Месеци наназад по него трагаше семејството и полицијата.

Денеска, сестрата на Миле на Фејсбук објави:
„ЛЕТАЈ СО АНГЕЛИТЕ, МИЛО НАШЕ. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка… Болната е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца. Почивај во мир и спокој.“

Погребот на Миле Тодоров ќе се одржи утре.