Аријана Гранде со силна порака: Престанете да ги коментирате туѓите тела
Аријана Гранде повторно ги повика јавноста и фановите да престанат да коментираат туѓи тела, по нов бран критики за нејзиниот изглед.
Пејачката и актерка Аријана Гранде објави порака во која ги потсети своите обожаватели да престанат да коментираат туѓи тела, реагирајќи по низа неодамнешни критики и медиумско внимание насочено кон нејзиниот изглед.
На Instagram Stories сподели серија исечоци од интервју од 2024 година, каде што зборува за непожелните коментари за нејзиниот изглед, додавајќи: „Повторно го споделувам ова од минатата година како потсетник за сите“.
За време на пресс-турнејата за филмот „Wicked“ и најновото остварување „Wicked: For Good“, нејзините појавувања постојано беа тема во медиумите и на социјалните мрежи. Многумина изразија загриженост поради нејзиното значително намалување на телесната тежина.
Осврнувајќи се на растечките шпекулации за нејзиното здравје, Гранде ги опиша старите интервјуа како „пријателски потсетник“. Во еден од исечоците таа емотивно зборува за начинот на кој јавноста го анализира нечии изглед:
„Постојат некои работи за кои навистина не би требало да се чувствуваме толку комотно – како коментирањето на туѓи тела, на нивниот изглед, на тоа што мислиме дека се случува зад сцената или со нивното здравје. Тоа е непријатно и погрешно, без разлика на контекстот.“
Уште во 2023 година, Гранде зборуваше за „загриженоста“ на фановите околу нејзиното тело, порачувајќи дека луѓето треба „да бидат понежни и помалку опуштени кога коментираат туѓи тела, без оглед на ситуацијата“.
Нејзината најнова објава уследи по емоционалниот проштален текст посветен на нејзиниот лик во филмот „Wicked“ и неговото продолжение, каде што напиша: „Да станам Глинда и да бидам поканета да се приклучам на оваа прекрасна група луѓе на најкреативното и емотивно исполнувачко патување беше најголемиот дар во мојот живот.“






