Маж влегол во кафез со лавица – нападот бил фатален

ВестиСвет

Во зоолошкиот парк во Бразил, маж со ментални нарушувања влегол во кафез со лавица и веднаш бил изеден. Во тек е истрага за трагедијата.

Маж починал во неделата откако бил нападнат од лавица, по тоа што самоволно влегол во нејзиниот ограден простор во зоолошкиот парк „Аруда Камара“ (познат како Бика) во градот Жоао Песоа, Бразил. Информацијата беше потврдена од самиот зоолошки парк за ТВ Кабо Бранко.

Според соопштението на општината, мажот успеал да го прескокне ѕидот висок повеќе од шест метри, да помине низ безбедносните пречки и, користејќи дрво како потпора, да навлезе во оградениот простор со лавицата. Снимки направени од посетители го прикажуваат моментот кога се качува на страничната конструкција и потоа влегува во кафезот, по што лавицата веднаш го нападнала.

На местото на настанот интервенирала воената полиција и Форензичкиот институт на Параиба. Локалните медиуми пренесуваат дека мажот имал ментални нарушувања.

По трагичниот инцидент, зоолошкиот парк беше веднаш затворен за посетители, без најавен датум за повторно отворање. Општината соопшти дека е започната детална проверка на сите околности, упати сочувство до семејството на загинатиот и истакна дека установата работи согласно сите технички и безбедносни стандарди.

Вознемирувако видео од нападот на линкот.

https://x.com/mundo__vivo/status/1995146786584080677?ref_src=twsrc%5Etfw