Времето денес, променливо облачно со сончеви периоди, од вторник дожд
Од вторник повторно дожд во Македонија, денес ќе имаме променливо облачно и сончеви периоди!
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла која ќе се задржи подолго во текот на денот и таму температурата ќе остане пониска. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Од вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.





