Струјата поскапува од 1 јануари: ЕСМ ја зголемува цената за 4,84%

ВестиМакедонија

Струјата поскапува од 1 јануари: ЕСМ ја зголемува цената за 4,84%, што директно ја влијае новата крајна тарифа за домаќинствата.

Цената на електричната енергија што државниот произведувач ЕСМ ја продава на ЕВН Хоум ќе се зголеми за 4,84% од 1 јануари, што директно влијае врз формирањето на крајната цена за домаќинствата.

ЕВН Хоум соопшти дека на тендерот за набавка на струја за периодот јануари–декември 2026 била доставена само една понуда – онаа од АД ЕСМ. Новата купопродажна цена изнесува 65 евра за мегаватчас, што е повисоко од претходните 62 евра определени за периодот јуни–декември 2025.

Од компанијата објаснуваат дека пресметката на новата крајна цена ќе ја вршат под надзор на Регулаторната комисија за енергетика, според утврдена законска методологија. Во финалната цена што ја плаќаат граѓаните влегуваат:

  • цената по која ЕСМ ја продава струјата,

  • трошоците на МЕПСО (пренос),

  • трошоците на МЕМО (пазарен оператор),

  • трошоците на Електродистрибуција (дистрибуција).

Цената на струјата од домашните производни капацитети на ЕСМ има најголема тежина во одредувањето на крајната цена, па зголемувањето од 4,84% речиси сигурно ќе резултира со повисоки сметки за граѓаните од јануари.