Скандал во Чикаго: Тара Рид тврди дека била дрогирана во хотел

Селебрити

Тара Рид заврши во болница по инцидент во хотелски бар во Чикаго и тврди дека била дрогирана. Се води полициска истрага.

Холивудската актерка Тара Рид, позната по улогата во „Американска пита“ и по бројните јавни скандали, повторно е во центарот на вниманието по драматичен инцидент во хотелски бар во Чикаго. Она што требало да биде мирна вечер по долг пат се претворило во хаос кој завршил со итна медицинска интервенција и отворање полициска истрага.

Видео-материјал објавен од TMZ ја прикажува Рид во видно дезориентирана состојба, додека случајни минувачи се обидуваат да ја задржат на нозе. Медицински тим морал да ја смести во инвалидска количка, од која таа речиси паднала, по што итно била пренесена во болница. Сведоци тврдат дека повторувала: „Не знаете која сум! Јас сум славна! Јас сум актерка!“, додека чекала помош.

Неколку часа подоцна, Рид јавно изјави дека верува оти била дрогирана во барот. Нејзиниот менаџер потврди дека е поднесена пријава и дека актерката соработува со истражните органи. Според нив, Рид побарала приватност и предупреди да не се остава пијалак без надзор.

Актерката објасни дека стигнала во хотелот доцна вечерта и се спуштила во барот да испие едно пијалок. Излегла да запали цигара, каде што наишла на група јутјубери што снимале материјал. Еден од нив ѝ се доближил и накратко разговарале. Кога се вратила, забележала дека нејзината чаша била покриена со салфета — нешто што, како што тврди, таа никогаш не го прави.

тара

Тоа е и последното нешто што го памети. Следното сеќавање ѝ е будење во болница осум часа подоцна. Медицинскиот тим, на нејзино изненадување, не направил токсиколошки анализи, туку само ѝ рекол дека е дрогирана. Рид најави дека ќе побара снимки од безбедносните камери и ќе инсистира на целосна истрага.

Актерката неодамна говореше отворено за својата борба со зависности, но тврди дека таа вечер испила само една чаша вино. Нејзината кариера вклучува улоги во „Американска пита“, „Големиот Лебовски“ и популарната франшиза „Шарканадо“, како и учество во повеќе ријалити програми.