Тешко злосторство во Белград, посвоената ќерка ја силувал и направил дете
Уапсени очув и мајка од Белград поради тешки кривични дела над малолетна девојка, таткото ја силувал, мајката знаела.
Белградската полиција, по наредба на Вишото јавно обвинителство, уапси маж означен како В. С. под сомнение дека во подолг временски период извршувал тешко кривично дело врз својата малолетна посвоена ќерка. Според првичните информации, девојчето останало бремено и родило дете како последица од насилството.
Истражните органи утврдиле дека мајката на малолетницата, Б. С., била свесна за случувањата и не презела ништо за да го спречи криминалот, поради што и таа ќе се соочи со кривична одговорност. Обвинителството ја товари за „подведување и овозможување вршење полови дејства“, дело за кое е предвидена затворска казна и парична санкција.
В. С. се сомничи за „обљуба со злоупотреба на положба“, кривично дело за кое Кривичниот законик пропишува казна од пет до петнаесет години затвор. Според полициски извори, тој е и претходно осудуван за други дела.
Уапсените сопружници имаат вкупно седум деца – три заеднички и уште тројца од претходниот брак на Б. С. Социјалните служби се вклучени во случајот и преземаат мерки за заштита на децата.
Овој тежок случај ја потресе јавноста и го отвори прашањето за раното препознавање на семејното насилство и за улогата на институциите во превенцијата и брзото реагирање.





