Аца Лукас уапсен во Кавадарци — целосна анализа и реконструкција
Настан кој започна како концерт, а заврши со апсење, контроли, обвинувања и политичко ехо!
Според извештаите од МВР, Аца Лукас – односно А.В. (57) – е приведен затоа што настапувал без потребната работна дозвола за странци. Во акциската контрола, спроведена од полициски службеници, инспектор за странци, УЈП, ДПИ и Инспекторат за труд, биле утврдени и други прекршоци: неиздавање фискални сметки, пушење во затворен простор и број гости кој го надминува дозволениот.
Портпаролката на СВР Велес објасни дека веднаш била поднесена прекршочна пријава, а Основниот суд во Кавадарци му изрекол казна од 50 евра.
Гости кој биле присутни на концертот раскажуваат, „Не сфативме што се случува. Лукас прекина среде песна и се расправаше со инспекторите“, велат сведоци. Настанала конфузија, некои мислеле дека е дел од шоуто, други дека има тепачка, трети – дека локалот се празни поради инцидент.
Од видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како пејачот ја напушта сцената во придружба на полицијата.
Менаџерот Саша Мирковиќ обвинува за политички мотив?
Многу пред институциите да дадат официјално објаснување, менаџерот на Лукас, Саша Мирковиќ, објави видео кое предизвика лавина реакции. Тој тврди дека апсењето било политички мотивирано – и директно го обвини премиерот Христијан Мицкоски.
Според неговите зборови:
„Причината е наводно тоа што Лукас носел македонско знаме, а не бугарско. Луѓе, дали сте нормални? Ја уапсивте најголемата балканска ѕвезда затоа што се замотал во знаме?“
Во видеото, Мирковиќ користи тешки зборови за премиерот, обвинувајќи го за наредба, политички притисок и „лудост од раширени размери“.
Видео-то подоцна беше избришано, но веќе беше споделено и цитирано на повеќе портали и групи на Facebook, Reddit и Twitter.
View this post on Instagram
Демант од сопственикот на локалот: „Не е точно дека имавме пропусти“
Сопственикот на романтичниот и години наназад присутен локал „Рома кафе“ во Кавадарци објави остар демант.
Тој тврди дека:
– Локалот бил законски издаден под наем на организатор
– Точниот број гости бил 400 (не 700)
– Пред настапот биле известени сите институции
– Имало дозволи, известувања и безбедносни мерки
– Полицијата можела да реагира пред настанот ако имало пропуст
„После приведувањето на Лукас, работевме нормално до 01:00. Тоа значи дека објектот бил безбеден“, вели сопственикот.
Лукас: „Ќе размислам дали воопшто ќе настапувам во Македонија“
По пуштањето, пејачот излезе со своја изјава.
Тој тврди дека:
– Цела ноќ ја поминал во станица
– Полицајците биле коректни
– Судија му се извинил „во име на македонскиот народ“
– Не чувствува омраза кон народот, туку кон „оние што ја водат државата“
„Се чувствувам небезбедно. Ова нема да остане неизјаснето“, рече тој.
View this post on Instagram
Институциите: официјалната верзија
МВР остана на својата верзија: прекршок е прекршок, и сите надлежни служби работеле заедно во редовна контрола. Нема ниту збор за политика, ниту за знаме, ниту за нешто надвор од законските рамки.
Позицијата на институциите е јасна – ова било рутинска акција.
„Нема да дозволиме Кочани сценарио. Безбедноста е прва!“
Градоначалникот Јанчев објасни дека организаторите однапред поднеле барање до Општина Кавадарци за поставување урбана опрема и проширување на просторот за концерт, но барањето било одбиено поради проценка дека условите се небезбедни.
– Беше побарано од Општина Кавадарци дозвола за поставување опрема за настанот на Аца Лукас. Комисијата утврди дека нема услови за тоа, поради безбедносни причини. На 14.11 барањето беше одбиено, а сопственикот беше писмено и усно информиран – рече Јанчев.
Тој истакна дека локалот има капацитет од 200 гости, а внатре биле затекнати дури 700 лица.
– Не смееме да дозволиме да се повтори трагедија како онаа во Кочани. Локали пренатрупани со гости, без почитување на безбедносните мерки, тоа во Кавадарци нема да помине – додаде тој.
Јанчев напомена и дека ангажманот на самиот изведувач не бил пријавен ниту во Агенцијата за вработување, ниту во Министерството за труд, што претставува дополнителен прекршок.





