Шок во Ф1: Норис и Пјастре избришани од резултатите
Норис и Пјастре се дисквалификувани во Вегас, а битката за титулата добива драматичен пресврт. Верстапен опасно се доближува.
Неверојатен пресврт во Ф1: Мекларен дисквалификуван, титулата повторно отворена
Формула 1 доби нова доза хаос – и тоа во најлош можен момент за Мекларен. Ландо Норис и Оскар Пјастре, двајцата во борба за врвни позиции, се дисквалификувани од Големата награда на Лас Вегас. Одлуката ги брише сите освоени бодови и го рестартира врвот на пласманот пред последните две трки.
24 points separate them! 🤯
It’s all to play for heading into the final two rounds 👀#F1#LasVegasGPpic.twitter.com/ahv08Yf3T4
— Formula 1 (@F1) November 23, 2025
Норис заврши втор и се чинеше дека веќе ја допира шампионската круна. Но по одлуката на стјуардите, неговата предност се намалува, а Макс Верстапен – победникот во Лас Вегас – сега дише во неговиот врат со само 24 бода разлика.
Зошто Мекларен беше дисквалификуван?
По трката, болидите на Мекларен беа повикани на дополнителна техничка проверка. Таму стјуардите открија дека двата болида не ги исполнуваат правилата за минимална дебелина на задниот лизгачки блок – елемент од подницата што мора строго да ги следи FIA спецификациите.
Одлуката беше јасна: дисквалификација за двата возачи и бришење на сите освоени бодови.
Норис останува лидер со 390 поени, додека Верстапен се изедначи со Пјастре на второто место. Сè уште се можни 58 поени до крајот на сезоната – што значи дека математиката е сурово отворена.
Антонели добива подиум, Расел се искачува
Дисквалификацијата го промени и подиумот. Џорџ Расел се поместува на второто место, а Андреа Кими Антонели испишува лична бајка: подиум од 17-тата стартна позиција, и тоа со казна од пет секунди.
За младата ѕвезда на Мерцедес, ова може да биде моментот што ја цементира неговата иднина како нова голема надеж во Ф1.
Борбата за шампионската титула, става нога на гас и не планира да забави.






