Македонија ќе игра против Данска во баражот за СП

СпортФудбал

Македонија го дозна противникот во баражот за пласман на СП – тежок дуел против Данска, а во евентуално финале следува победникот од Чешка – Северна Ирска.

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна противниците во баражот за пласман на Светското првенство – во полуфиналето ќе играме против Данска. Поради поразот од Велс во последното коло, Македонија заврши во четвртиот шешир, што значеше дека можевме да добиеме еден од најтешките ривали: Данска, Украина, Италија или Турција. Ждрепката реши – Данска.

данска

Познато е и тоа дека полуфиналниот дуел ќе го играме на гостински терен. Доколку успееме да избориме финале, таму ќе нè чека подобриот од пресметката меѓу Чешка и Северна Ирска.

Полуфиналниот бараж е закажан за 26 март, а финалето – доколку стигнеме до него – ќе се игра на 31 март, со домаќин што ќе биде одреден по пат на ждрепка. Македонија повторно ја очекува тежок, но мотивирачки пат до мундијалот.