Нема веќе фрлање ѓубре навечер: Град Скопје воведува забрана и казни

Вести

Град Скопје воведува забрана за фрлање ѓубре од 22 до 6 часот. Инспекторите ќе казнуваат, а мерката предизвика поделен однос во Советот.

Град Скопје воведува ново правило: од 22 часот навечер до 6 часот наутро строго се забранува фрлање ѓубре. Одлуката, која беше изгласана од Советот на Градот на предлог на градоначалникот, има цел да го подобри собирањето на отпадот и да спречи создавање диви депонии околу контејнерите.

Ќе има казни за прекршителите

Според градските власти, мерката им овозможува на инспекторите и комуналните редари конечно да санкционираат физички и правни лица што го прекршуваат дозволениот термин за одлагање отпад.

Диме Димитровски: „Ова функционира во повеќе светски метрополи“

Претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, ја поздрави мерката и објасни дека вакви ограничувања не се никаква новина во развитите урбани средини.

„Во Истанбул има само 15 минути дозволено време за фрлање ѓубре рано наутро. Во Токио секој вид отпад има точно утврден термин. Кога ќе воведеме корпи за селекција, системот ќе функционира уште подобро“, изјави тој.

Левица: „Скандалозна мерка – вината се префрла врз граѓаните“

Но, не сите се согласни. Советничката на Левица, Катерина Јовановска, остра ја критикуваше одлуката.

„Не може вината за нефункционалноста на комуналното претпријатие да се префрла врз граѓаните. Ограничувањето кога смеат да фрлаат ѓубре, па уште и со казни, е скандал“, рече таа.

Советот изгласа и ребаланс на буџетот

Покрај забраната за фрлање ѓубре во ноќните часови, советниците со 37 гласа „за“, еден „против“ и еден „воздржан“ изгласаа и ребаланс на буџетот.