Хорор во Струга, жена грабната од својот двор, тепана и силувана

ВестиМакедонија

Уште една хорор приказна овој пат од Струга, жена насилно грабната од својот двор, потоа тепана и силувана!

Две лица од дебарско, на 6 ноември, во 19 часот од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, ја тепале додека не се онесвести па ја силувале.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л.(26) од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против Е.В.(18) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“.

Тие на 06.11.2025 околу 19 часот, во село во дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, кое го управувал Е.В. и се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде А.Л. физички ја нападнал, а оштетената паднала во бессознание, по што тој ја силувал.