Анџелина Џоли во Украина: инцидент на границата

СелебритиУкраина

Анџелина Џоли неочекувано пристигна пешки во Украина, каде што член од нејзината придружба беше мобилизиран во армијата.

Холивудската актерка и хуманитарка Анџелина Џоли повторно ја посети Украина, но нејзината посета овојпат предизвика сериозен инцидент. Според информациите на Politico, Џоли пристигнала пеш преку границата, без претходно да ја извести украинската влада.

Инцидентот се случил во градот Херсон, каде што глумицата престојувала како амбасадор на УНИЦЕФ. Според украински извори, еден член од нејзината придружба бил неочекувано мобилизиран во армијата. Наводно станува збор за нејзиниот возач, кој бил резервист и добил наредба да се јави на воена обука.

Украинската војска првично објави соопштение со детали за случајот, но тоа подоцна беше избришано. Во новата изјава стои дека „информациите во медиумите се делумно искривени“ и дека е во тек истрага за да се утврдат сите околности.

Ова е втора посета на Џоли во Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година. Претходно таа беше во Лавов, каде што се сретна со раселени лица и волонтери.