Хорор од Србија, деца ја пронашле убиена во замрзнувач

ВестиСрбија

Градот Пеќењевце во близина на Лесковац беше потресен од ужасен злостор откако телото на Катарина Глигоријевиќ (43) беше пронајдено во семејната куќа, скриено во замрзнувач.

Полицијата сè уште интензивно трага по вонбрачниот партнер на убиената жена, кој е осомничен за ова тешко убиство. Во потрагата се вклучени и локални жители, а во селото се присутни голем број полициски возила.

Според соседите, најшокантниот детаљ од овој случај е начинот на кој е откриено злосторството. Наводно, телото на жената го пронашле децата на осомничениот од неговиот прв брак, кои потоа го пријавиле морничавото откритие.

Убиецот Далибор Демировиќ
Далибор Демировиќ,

„Слушнавме дека го пријавиле злосторството, а потоа избегале. Телото е пронајдено во замрзнувач. Во селото има над 20 полициски возила, целото село го бара“, известуваат соседите.

Соседите сведочат дека односот помеѓу Катарина Глигоријевиќ, која по потекло била од Лесковац, и Далибор Демировиќ бил исклучително проблематичен.

„Тие беа во токсична врска изминатата година. Таа ќе си заминеше и ќе се вратеше кај него. Имаа многу турбулентна врска“, велат мештаните.

Истрагата на лице место е сè уште во тек, а полицијата ги презема сите мерки за што поскоро пронаоѓање на Далибор Демировиќ и негово изведување пред лицето на правдата.