сабота, април 27, 2024
Патување

7 магични места во светот кои ве повикуваат да ги посетите

Во однос на потврдено прекрасните градови и плажи како Копакабана и Париз, нашата планета крие подеднакво возбудливи, но помалку познати туристички дестинации. Одлучивме да одвоиме за вас 7 магични места во светот кои ве повикуваат да ги посетите кога е во прашање вашиот избор за патување.

Милфорд Саунд

Милфорд Саунд, Саутленд, Нов Зеланд

Овој фјорд е наречен „осмото светско чудо“, а се наоѓа на југозападниот дел на оваа држава. Својата кулминација на популарност ја доживеа неодамна, а неговата предност е тоа што претставува прекрасна дестинација во текот на целата година.

Ушгули - Грузија

Ушгули, Грузија

Станува збор за една заедница на села, кои претставуваат највисокото населено место во Европа. Во нив се наоѓаат споменици на културата под заштита на УНЕСКО кои се постари од 900 години. На надморска висина од 2.400 метри ова единствено место може да се посетува во текот на најтоплите шест месеци.

Келимути - Индонезија

Вулканот Келимути, Индонезија

Трите езера Келимути се наоѓаат на самиот врв на истоимениот вулкан, а нивната карактеристика е неверојатната разлика во бојата на водата која се менува во текот на целата година. Локалното население верува дека овие езера биле местата за одмор на нивните предци.

Грејт Смоуки

Грејт Смоуки, Тенеси

Националниот парк Great Smoky е совршено далечно место за најголемите љубители на природата. Водопади, магични дрвја, кањони и погледите од високите точки пружаат искуство кое нема никогаш да го заборавите. За оние кои не сакаат ризик, тука се населбите кои имаат добри понуди за сместување.

Мртво Море

Мртво Море, Израел

Морето на границите на Израел, Палестина и Јордан е едно од единствените водени тела, поради фактот дека е второ најсолено море на светот. Иако звучи чудно, површината на морето со неговите брегови се наоѓа на 429 метри под надморската височина на сите светски океани, а поради својата соленост во него нема макроскопски живи суштества.

Којасан

Којасан, Јапонија

На оваа листа, местото на јапонските будистички храмови е можеби најслично на оние места од бајките. Се наоѓа во националниот парк Koya-Ryujin Quasi, а го составуваат повеќе од 100 мали и големи места за молитва, споменици меморијали, гробови и густа шума.

Монт Сент Мишел

Монт Сент Мишел, Франција

Импресивниот и мистериозен остров на брегот на Нормандија е нешто што не би требало да го пропуштите. Селото е изградено во готски стил, а претставува светско културно наследство на УНЕСКО. Неговото население претежно го формираат монаси и во него престојуваат многу туристи.

Сподели!