Живот и СтилЗдравјеНега

5 знаци кои ви кажуваат дека ви недостасуваат витамини…

Кога имунитетот природно опаѓа, нашето тело станува полесно мета на вируси, инфекции и хроничен замор. Дали сте забележале некои необични промени на кожата, косата или на лицето?

Многу често знае нашиот имунитет да падне, нашето тело да биде изложено на вируси и бактерии. Дали си забележала некои необични промени на кожата, косата или на лицето? Можно е твоето тело очајно да бара витамини. Прочитај ги овие индикатори што може да ти укажат на сериозен недостаток.

Бледа кожа и замор

Ако се чувствуваш постојано исцрпено, нервозно или незадоволно без јасна причина, проблемот можеби лежи во недостаток на витамин B12. Особено ако кожата ти изгледа значително побледа од вообичаено. Затоа се препорачува да се јаде повеќе е месо и морска храна – тука лежи виталниот извор на енергија и баланс.

сува коса
сува коса

Сува коса како слама

Сува, кршлива коса со многу првут е аларм за дефицит на витамин B7 – биотин. Овој витамин често се троши после третмани со антибиотици. Затоа заборави на диети и воведи разновидна исхрана: месо, риба, печурки, мешунки, овошје и зеленчук. Косата ќе ти заблеска, а и кожата ќе ти заблагодари.

отечени очи
отечени очи

Отечени очи, недостаок на јод

Ако очите ви изгледаат како да сте плачеле цела ноќ, а нозете ти се чуствувате уморни и тешки – можно е да имате недостаток на јод. Тој е важен за правилна работа на тироидната жлезда. Внесувај јодирана сол, морски плодови, алги, млечни производи и не заборавај: дури и обичниот леб може да помогне.

Бледи усни и ниско железо

Безбојни, речиси „невидливи“ усни често сигнализираат анемија – односно недостаток на железо. Ако често настинуваш или ти е низок крвниот притисок, тогаш ова е сериозен знак. Фокусирај се на консумирање црвено месо и избегнување храна богата со калциум барем одреден период додека не ви се подобри состојбата.

Прочитај ме:  Џем за брзо празнење
Крварење на непцата
Крварење на непцата

Крварење на непцата? Можеби е дефицит на витамин Ц

Доколку ти крварат непцата, дури и при лесно четкање на забите, тоа може да биде резултат на недоволен внес на витамин Ц. Овој моќен антиоксиданс го зајакнува имунитетот, ја намалува болката во мускулите и ги заштитува забите. Цитрусите и црвената пиперка треба да станат твои нови најдобри пријатели.

Запомни: овие симптоми се индиректни предупредувања. Ако препознаваш барем еден, разговарај и со твојот матичен доктор.