5 знаци дека бракот можеби нема да трае долго
Истражувањата откриваат пет неочекувани индикатори кои можат да укажат на краткотрајност на брачната заедница. Проверете дали вашиот брак ги има овие знаци.
💔 Не секое Да трае „доживотно“ . Секој пар сонува за идејата на вечна љубов, но реалноста честопати не игра според сценариото од романтични филмови. Според европските податоци од 2017 година, има по два развода на 1000 луѓе, и бројката сè уште расте. Причините се безброј – од неверство до емоционално отуѓување. Но, што ако некои знаци од минатото и сегашноста можат предвреме да сигнализираат дека нешто не е во ред?
Ти претставуваме пет неочекувани, но научно поддржани индикатори кои можат да го предвидат крајот на еден брак.
1. Насмевката од детството може да открие многу
Можеби звучи апсурдно, но фотографиите од детството знаат да бидат предвесници на брачната судбина. Психолозите анализирале студентски фотографии и дошле до шокантен заклучок: личностите кои искрено се смееле (со мускули околу очите и уста) никогаш не се развеле. Од друга страна, намуртените – тие пет пати почесто завршиле во развод. Поентата? Радоста вкоренета од мали нозе може да биде добар показател за емоционалната стабилност и отпорноста во односите.
2. Исто како мајката
Истражувањето врз над 7000 луѓе покажа дека однесувањето на мајката има силно влијание врз љубовниот живот на децата. Доколку мајката започне нова врска по разводот – голема е веројатноста дека и ќерката или синот ќе го следат истиот пат. Во суштина, копираме модели на врските што сме ги гледале дома – без разлика дали тие биле здрави или не.
3. Игнорирање на конфликти – тивок убиец на бракот
Познатиот психолог Џон Готман идентификува четири предупредувачки сигнали за развод: презир, саможртвување, постојана критика и – најопасното – игнорирање. Замисли: партнерот ти ја одбегнува секоја непријатна тема под изговор дека не сака расправија. Проблемот? Неразјаснети емоции се таложат и стануваат темпирана бомба. Спореден конфликт е здрав – тишина е тоа што ја гуши врската.
4. Маж кој ги не ги сака твоите пријателки? Аларм!
Долгорочното истражување на 373 парови открива дека токму критиките на мажот кон женските пријателки во првата година од бракот предвидуваат развод до 16-тата година од брак. Зошто? Женските пријателства се длабоки, поддржувачки и емоционални – нешто што мажот понекогаш гледа како закана или конкуренција. Ако не ги почитува твоите блиски луѓе, прашање е колку ја почитува и тебе.
5. Претерана романса на стартот? Лош знак!
Верувале или не, премногу идеализирана љубов на почетокот може да биде црвено знаме. Студија објавена во Interpersonal Relations and Group Processes укажува дека паровите кои биле „преслатки“ и „преприврзани“ на почетокот, подоцна се распаѓаат. Причина? Тој почетен ентузијазам не може да се одржи на долги патеки, а реалноста знае да ги изгори и најзаљубените пеперутки. Долготрајните бракови често почнуваат скромно, со стабилност наместо еуфорија.