400 луѓе без работа, после големиот пожар во Виница!

ВестиЕкономијаМакедонија

Голем пожар ја зафати Винчини од Виница, а тоа значи дека 400 луѓе ќе останат без работа!

Вчера во 18 и 40 било пријавено дека избувнал голем пожар во фабриката Винчини во Виница. Во пожарот биле зафати магацинот и неколку производни погони. Вчера помош на пожарникарите од Виница дојде од секаде,од Пропиштип, Струмица, Свети Николе и Кочани. Освен пожарникари биле ангажирани и полициски службеници пожарот е изгаснат околу 23 часот, но поради опасност повторно да се разгори, на лице место имаше и дежурни екипи.

Повредени пожарникари Виница
Повредени пожарникари Виница

При гасењето на пожарот до сега е пријавено дека со повреди се здобиле 18 лица. Примените во болница имаат повреди, отежнато дишење од чадот, а неколку од нив се со изгореници на а стапалата откако, при интервенција во еден погон, стапнале во стопен шеќер/смола – при обид да ги извлечат стапалата, чизмите им останале во стопената смеса.

Според информациите уште една жална вест за Виница е тоа што, најмалку 400 работници од фабриката за кондиторски производи „Винчини“ во Виница остануваат без работа, откако синоќа во пожар до темел изгореа производствениот погон, магацините со готова роба и административниот дел од фабриката.

Фабриката е основана пред 35 години, „Макпрогрес Винчини“ и е еден од водечките производители во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија, 75% од производството е наменето за извоз, а производите се извезуваат во 45 држави.

По големиот пожар на помош се вклучи и Стопанската Комора, која вели дека формирале кризен штаб, со сосптвеникот на фабриката, за нормализирање на состојбите!