10 годишно дете од Карпош, нападнато од врсници
10 годишно дете од Карпош, нападнато од врсници, навредувано и снимано со телефон!
Вчера во полициски билтен на Мвр е регистрирано, врсничко насилство на 10 годишно дете во Карпош. Ова се случувало во едно Основно училиште на територија на општина Карпош, каде детето било малтретирано.
Според информацијата, вчера околу 14:30 часот во ходник од основно училиште, 10-годишно дете било физички нападнато од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.