Што не треба да јадеме пред спиење
Што не треба да јадеме пред спиење, а мислиме дека нема никакви шанси да се здебелиме од тоа, всушност, овие намирници не ни дозволуваат да слабееме.
Многу диети и режими за слабеење препорачуваат да не јадете неколку часа пред спиење, но што ако огладнете подоцна во текот на денот? Некои се препуштаат на ова искушение, некои одлучуваат да издржат и гладни да си легнат, а некои сепак се обидуваат со залак да го измамат гладот.
Распространето е верувањето дека една чаша млеко или јогурт пред спиење нема негативно да влијае на линијата, но нутриционистот и доктор Алексеј Ковалков тврди дека тоа не е баш точно.
„Подобро е ако ги исклучите сите јаглени хидрати пред спиење. Исто така, не треба да консумирате млечна храна која содржи млечна киселина. Ако пиете чаша млеко навечер, внесувате една и пол лажичка лактоза или млечен шеќер во вашето тело, што е поврзано со лачењето на инсулин. Исто така, не треба да јадеме житарки и овошје пред спиење“, откри нутриционистот.
Ковалков предложи и подобри опции ако огладнеме навечер. Тој тврди дека најдобро е да се избере риба, месо или морска храна во помали порции и зеленчук. Тој исто така истакна дека секогаш е подобро да се јаде сиров зеленчук бидејќи вредните влакна се уништуваат при термичка обработка.
Ако сакате да грицкате, Ковалков советува да изберете краставици, сечкани пиперки со зачини или малку јогурт со трици, бидејќи овие намирници се заситувачки и не содржат многу калории.