среда, јануари 15, 2025

Смути со Овесни Снегулки и Јагоди

Ова е смути со Овесни Снегулки и Јагоди, брзо веганско смути со светло розова боја и густа, богата текстура.

Заситува, брзо се приготвува, па затоа е одлична идеја за луѓето кои наутро брзаат, а сакаат да имаат здрав и вкусен оброк.

За овој Рецепт (за 2 лица) е потребно:

  • 250ml Млеко од Соја
  • 50gr Овесна Каша – Овесни Снегулки
  • 1 Банана (исечена на парчиња)
  • 15 замрзнати Јагоди
  • ½ лажичка екстракт од Ванила

Подготовка:

  • Блендирајте
    Сите состојки се ставаат во блендер и се матат 30-60 секунди.
  • Послужете
    Истурете ја смесата внимателно во вашиот омилен сад за смути или во висока чаша, декорирајте со свежи Јагоди и послужете.
Сподели!