понеделник, јануари 13, 2025

Лидија Бачиќ го продава својот календар во кој позира во долна облека

Хрватската пејачка Лидија Бачиќ го продава својот календар во кој позира во долна облека. И оваа година, календарот изобилува со фотографии на кои позира во атрактивни комбинации.

„Новиот календар на Лиле 2025 е во продажба. Уште поквалитетно печатење и хартија, уште поексклузивно хоризонтално издание во голем формат“, се наведува меѓу другото на нејзината веб-страница.

Цената е 49,99 евра. Годинава ја зголеми цената. Имено, во 2024 година чинеше 35 евра. Таа на Инстаграм сподели видео каде покажа неколку фотографии, а нејзините следбеници ја опсипуваа со комплименти.

Освен календари, Лиле продава и маици, чаши, престилки, крпи со нејзиниот лик, а на нејзиниот сајт и може да се најде и многу повеќе. Таа претходно во едно интервју спомена дека е задоволна од својот изглед, благодарение на кој има армија обожаватели.

Сподели!