понеделник, јануари 13, 2025

Зошто имаме негативни мисли?

Зошто имаме негативни мисли? Една лоша навика е главниот виновник за тоа да имаме негативни мисли и лошо росположение. Имено, недостатокот на сон е најголемиот причинител за негативни мисли.

Истражувањето објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences покажа дека недостатокот на сон го оневозможува вашиот мозок да се брани од негативни мисли.

Веќе долго време знаеме дека лошиот сон е главен фактор за регулирање на емоциите, но научниците дури сега ја утврдија причината. Истражувачите од Универзитетот во Јорк и Универзитетот во Источна Англија тестирале 85 здрави возрасни лица. Едната група спиела цела ноќ, додека другата останала будна.

Користејќи најсовремена технологија, тие ја анализирале нивната мозочна активност притоа покажувајќи им фотографии од различни лица и сообраќајни несреќи, тепачки и слично. Потоа, од нив било побарано да се потсетат или да ги потиснат спомените поврзани со секое лице.

Резултатите биле запрепастувачки: луѓето кои спиеле во текот на ноќта покажале многу поголема активност во десниот дорзолатерален префронтален кортекс (команден центар на мозокот за мисли, акции и емоции) кога ги потиснуваат негативните спомени.

Од друга страна, групата луѓе кои останале будни се бореле да ги задржат своите негативни мисли под контрола, покажувајќи помала активност во споменатиот дел од мозокот.

Сподели!