вторник, јануари 14, 2025

Време е за постпразнична детоксикација

Време е за постпразнична детоксикација … Напитокот направен од само 2 состојки ги исфрла токсините, помага при слабеење и го намалува апетитот.

Во текот на изминатите неколку недели, повеќето од нас консумираа тешка и висококалорична храна, а сега е време за детоксикација која му помага на телото да се врати во рамнотежа, обезбедува енергија и го подобрува здравјето. Целта е да се исчисти телото од токсините кои се насобрале во организмот

Многумина ја земаат и Новата година како појдовна точка за менување на навиките и се одлучуваат да поработат на слабеење, а во овој случај добро е при рака да имате пијалоци кои ќе бидат одлични сојузници при слабеење.

Лимон, Лимонска Киселина, Лимонада, Сечкан Лимон,

Достигнувањето на идеалниот број на вагата не е лесна задача и нема брзи решенија кои ќе ја постигнат посакуваната промена преку ноќ, но заедно со редовно вежбање и правилна исхрана, со консумирање на некои пијалоци кои можат да бидат многу корисни и барем малку да го забрзаат процесот за постигнување на посакуваните резултати, ќе стигнеме до нашата цел.

Станува збор за пијалок направен од лимон, магдонос и вода – комбинација која можете да ја направите за пет минути, а одлична е, затоа што го поттикнува варењето на храната, ги исфрла токсините од телото и го забрзува процесот на слабеење.

Исто така, овој напиток може да ја намали лошата навика – да не пиеме доволно вода во текот на денот, што е еден од најважните фактори во слабеењето, бидејќи пијалоците го намалуваат апетитот, а течноста врши хидрација и детоксикација, па затоа една чаша вода, половина час пред главниот оброк е одличен начин да го навикнете стомакот на помалку апетит и количина на весување храна.

Магдонос и Лимон

За овој пијалок ви е потребно:

  • – 60 грама – Магдонос
  • – 1 цел Лимон
  • – 250ml – Вода

Подготовка:

Магдоносот ситно се сечка. Пожелно е да не го ставате во блендер бидејќи напитокот ќе биде горчлив, а потоа исцедете го целиот сок од лимон врз сечканиот магдонос, додадете вода и сè измешајте.

Овој напиток пијте го секое утро, веднаш штом ќе се разбудите, пет дена по ред. По петтиот ден, потребно е да направите 10-дневна пауза, а потоа можете повторно да започнете со оваа детоксикација. Покрај придобивките за слабеење, оваа комбинација на телото ќе му ги обезбеди потребните витамини и минерали, па сигурно ќе имате чувство дека денот го започнувате со малку повеќе енергија.

Сподели!