петок, декември 6, 2024
АрхитектураЕнтериерПатување

Подводните апартмани на Хотел Атлантис Палм во Дубаи

Хотел Атлантис Палм во Дубаи поседува луксузни подводни апартмани кои на гостите им нудат фантастично искуство, убав поглед, романтика и удобност.

Хотелот Атлантис Палм на своите гости им ги нуди своите подводни апартмани, во кои едно ноќевање чини 6452,21 евра. Апартманите наречени Посејдон и Нептун се подводни хотелски соби кои овозможуваат поглед на аквариумот Амбасадор Лагун во кој живеат 65000 морски животни.

Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм

Апартманите се простираат на три спрата, а нивната површина изнесува 165 квадратни метри. Поседуваат големи дневни соби, трпезарија, спални соби, соби за гледање телевизија и приватни лифтови.

Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм

Во цената е вклучен дури и сапун со парчиња од 24-каратно злато, како и батлер кој на гостите им стои на услуга 24 часа. Шефот на хотелските батлери, Динеш Рај рекол дека неодамна имал неколку чудни побарувања од гостите, меѓу кои некој човек побарал да стои камила пред хотелот само за него, која ја јавал на плажите.

Еден од гостите си заборавил златен часовник од брендот Rolex во хотелот, а кога му бил вратен, гостинот бил многу изненаден затоа што веќе го „отпишал“ тој часовник.

Можете да погледнете како изгледаат апартманите под вода во хотелот со 7 ѕвездички, Атлантис Палм во Дубаи.

Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Хотел Атлантис Палм
Сподели!